Дома Фудбал Италија Алвеш ги шокира навивачите: Дибала мора да го напушти Јувентус!

Алвеш ги шокира навивачите: Дибала мора да го напушти Јувентус!

Играчот на Јувентус, Дани Алвеш ги шокираше навивачите на „старата дама“ со изјавата која ја даде поврзана за неговиот соиграч, Пауло Дибала.

Имено, Дани Алвеш јавно изјави дека Дибала во иднина ќе мора да го напушти Јувентус доколку сака да напредува во кариерата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Дибала ќе направи навистина големи работи во иднина. Тој ми е многу близок и навистина многу го ценам. Сепак моето мислење е следното. Доколку сака да го прикаже сиот свој потенцијал, да се тестира себеси, еден ден ќе мора да си замине од Јувентус. Не знам во кој клуб, но мора да го направи тоа“, изајави Бразилецот.

Силен интерес за Дибала покажуваат Барселона и Реал Мадрид, но Аргентинецот неодамна го продолжи договорот со „бјанконерите“ и сигурно ќе остане во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…