Дома Фудбал Останато Албанците ширум светот собираат пари за казните на играчите на Швајцарија

Албанците ширум светот собираат пари за казните на играчите на Швајцарија

ФИФА вчера соопшти дека одлучиле Шаќири, Џака и Лихштајнер да бидат парично казнети поради покажување на албанскиот орел при прослаувањето на голови против Србија.

Швајцарија ја совлада Србија по пресврт со 2:1 со головите на Џака и Шаќири кои при прослава на головите го покажуваа албанскиот орел. Овој потег ги налути навивачите на Србија кои бараа големи казни и суспензии за фудбалерите на Швајцарија. Сепак, ФИФА одлучи ова трио да го казни само парично.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Џака и Шаќири ќе мораат да платат по 10,000, а Лихштајнер 5,000 швајцарски франци поради прикажувањето на албанскиот орел. Сепак, изгледа дека тие пари нема да бидат од швајцарските играчи, бидејќи во тоа се вклучија и навивачите од Албанија.

Имено, Албанците од целиот свет започнаа петиција за собирање на пари, однсоно износ од 25,000 франци, бидејќи сакаат тие да ги платат казните на играчите од репрезентацијата на Швајцарија. Како што пишува „Blick“, навивачите на Албанија сакаат да покажат почит кон играчите на Швајцарија кој на специфичен начин ги прославија головите.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ЈУНАЈТЕД НЕ ЖАЛИ ПАРИ: Ќе го рушат рекордот за потпис на големо засилување!

Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата, со променливи игри. Послед…