После големите перипетија ова лето, Килијан Мбапе сепак остана во Пари Сент Жермен.
Договорот на Мбапе истекува на крајот на сезоната, па постои реална можност да го напушти ПСЖ на лето без обештетување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа имаше несогласување, па во еден момент дури и беше исфрлен од првиот тим. Меѓутоа, последните информации се дека се водат преговори за продолжување на договорот, но краткорочен.
Сепак, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи верува дека Мбапе уште долго ќе остане во Париз.
Килијан Мбапе е играч на ПСЖ. Го сака клубот. Тој е фантастичен играч. Тој е најдобар во светот. Многу сме среќни што го имаме и ќе го имаме и во иднина“, порача Ал-Келаифи.