Дома Фудбал Останато Ал-Келаифи: Го почитуваме финансискиот фер-плеј, немаше потреба да го продадеме Мбапе

Ал-Келаифи: Го почитуваме финансискиот фер-плеј, немаше потреба да го продадеме Мбапе

Покрај трансферите на Меси и Роналдо уште една „бомба“ можеше да го обележи преодниот рок кој заврши, но Килијан Мбапе сепак не се пресели во Реал Мадрид.

Реал Мадрид во завршницата од преодниот рок имаше силни обиди да го доведе Мбапе, но двете понуди на Реал беа одбиени од страна на „светците“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи објасни зошто не го продале Мбапе. Како што тој кажа тие го почитувале фер-плејот и немале потреба да го продадат Мбапе.

„Наша цел е да го почитуваме финансискиот фер-плеј и ПСЖ тоа го прави во целост. Немавме потреба да го продаваме Мбапе“, изјави Ал-Келаифи.

Со задржувањето на Мбапе ПСЖ ризикува следното лето да го изгуби младиот напаѓач бесплатно. Засега тој ги одбива понудите за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија доби тешка група во Лигата на Нации!

Денеска во Брисел беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Нации во која Македо…