Дома Фудбал Ако овој човек победи на изборите за претседател на Барселона ќе го руши „Камп Ноу“

Ако овој човек победи на изборите за претседател на Барселона ќе го руши „Камп Ноу“

Кандидатот за претседател на Барселона Агусти Бенедито смета дека Барселона треба да изгради нов стадион.

„Камп Ноу“ Барселона го користи од 1957 година, а Бенедито смета дека е време клубот да добие нов стадион и вети дека ќе направи се тоа да се случи ако победи на изборите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако победам на изборите Барселона ќе добие нов стадион. Има две опции. Првата е да го срушиме „Камп Ноу“ и да изградиме нов на истото место. Тоа би значело дека во наредните три години екипата ќе игра на друг стадион. Тој стадион би се избрал со гласење, има неколку опции“, изјави Бенедето.

Архитектката Бенедета Таљабу објасни дека реновирањето на „Камп Ноу“ би било бесмислено.

„Тешко дека обнување на структурите стари 65-70 години ќе се исплати. Ако се појават проблеми трошоците би се зголемиле. Такви работи се случуваа со англиските стадиони“.

Изборите за претседел на Барселона се закажани за 24. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…