Доколку успее да го мине Малме, а има реални шанси, македонскиот шампион Вардар во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите ќе игра против Копенхаген.
Вардар по првиот меч во Малме има резултат 1:1 и во реваншот му е потребна каква било победа или нерешен резултат без голови за да ја мине втората фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако го елиминира Малме, пред Вардар ќе стои данскиот првак Копенхаген, кој во првиот меч како гостин славеше над словачка Жилина (1:3).
Копенхаген минатата сезона успеа да стигне и до фазата по групи во Лигата на шампионите каде се прикажа во одлично светло.
Данскиот шампион во група со Лестер, Порто и Бриж заврши на третото местон со девет освоени бодови, односно забележа две победи, трипати играше нерешено и загуби на само еден меч.
Двојки за третото квалификациско коло во ЛШ
Првите натпревари од третата квалификациска рунда ќе се одиграат на 25 и 26 јули, а реваншите ќе бидат на програмата на 1 и 2август. Ако се пласира понатаму, Вардар во првиот меч ќе му гостува на Копенхаген.