Еден Азар објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на Белгија, настапите на Светското првенство за него беа последни во репрезентативниот дрес.
Преку социјалните мрежи Азар ја соопшти својата одлука.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Денес се врти нова страница…Ви благодарам за вашата љубов и голема поддршка. Ви благодарам за среќата споделена од 2008 година. Одлучив да ставам крај на мојата репрезентативна кариера. Ќе ми недостасувате“, објави Азар.
Ваквата одлука на Азар можеби е и очекувана затоа што тој беше еден од оние фудбалери кои во репрезентацијата настапуваа на „стара слава“ без некоја посебна форма на клупски план.