Репрезентацијата на Белгија со вчерашниот пораз од Франција својот настап на Европското првенство го заврши во осминафиналето. Французите победија со еден несреќен автогол на Вертонген во 86. минута.
Кевин Де Брујне кој не можеше да потврди дека и понатаму ќе игра за репрезентација (ТУКА) на прес-конференцијата влезе и во расправија со италијанскиот новинар, Танкреди Палмери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Зошто златна генерација на Белгија кога не освои ништо?“, го праша Палмери.
Де Брујне одговори.
„Сакаш да кажеше дека Франција, Англија, Шпанија или Германии немаат златни генерации? Во ред благодарам“.
Кога тргна кон соблекувалната Де Брујне гласно искоментира и „глупав“. Палмери тоа го слушна, па не му остана должен.
„Еј Кевин, потсетување за тебе: Сите генерации што ги спомна – од Франција, Англија, Германија, Шпанија…сите играле финале. Типичен фудбалер кој сака само прашања кои го фаворизираат. Разгалено детиште“, порача Палмери.