Дома Трансфер зона Адвокатот на Погба на состанок со Јувентус, наскоро одлука

Адвокатот на Погба на состанок со Јувентус, наскоро одлука

Иднината на Пол Погба е главна тема откако стана јасно дека Французинот ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главната битка за неговиот потпис ја водат ПСЖ и Јувентус, а конечната одлука се очекува во наредните денови.

Денес во Торино пристигна Рафаеле Пимента, новиот застапник на Пол Погба и десна рака на Мино Раиола, на разговор со челниците на Јувентус.

Јасно е дека „бјанконерите“ не можат да му ја понудат актуелната плата од 15 милиони по сезона, но ќе направат се за да го вратат во Торино.

Денес се одвива клучниот состанок, Јувентус ќе понуди 9 милиони евра плус бонуси, што е помалку од тоа што го нуди ПСЖ, но „старата дама“ му нуди на Погба да биде централна фигурна во проектот.

Притоа, самиот Погба преферира да се врати на местото каде ги одигра најдобрите години во кариерата, а после денешниот состанок работите ќе бидат појасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…