Дома Топ вести Агентот откри: Нејмар има откупна клаузула во договорот со ПСЖ

Агентот откри: Нејмар има откупна клаузула во договорот со ПСЖ

Нејмар денес е во центарот на вниманието во светските медиуми, откако беше објавено дека ќе треба да и плати отштета на Барселона.

Бразилецот го тужеше каталонскиот клуб, но судот пресуди во корист на Барселона, па Нејмар сега ќе мора да и плати отштета од 6,7 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, Нејмар и понатаму сака да се врати на „Камп Ноу“, а медиумите откриваат дека во неговиот договор со ПСЖ постои откупна клаузула.

Менаџерот Рибеиро открива дека во договорот на Нејмар постои клаузула која се активира после три години во неговиот престој во Париз.

Откупната клаузула во договорот на Нејмар ќе се активира ова лето и изнесува 164 милиони евра.

Барселона и понатаму е заинтересирана за Нејмар, но прашање е дали ќе се согласи да ја плати сумата од откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов голем успех за таеквондото во Македонија: Христијан Симоновски освои бронза!

Христијан Симоновски член на Македонската Таеквондо репрезентација, член на ТК Младост вче…