Дома Фудбал Италија Агентот: Елмас вреди 70 милиони, не е време за нов договор

Агентот: Елмас вреди 70 милиони, не е време за нов договор

Aгентот на Елиф Елмас, Џорџ Гарди, во интервју за италијански медиум вели дека сега не е време за продолжување на договорот со Наполи.

Елмас игра одлично оваа сезона и агентот тврди дека проценката од 70 милиони евра е реална.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ова е само почеток. Елиф има огромен потенцијал. Го процениле помеѓу 70 и 80 милиони евра? Според мене, толку вреди, нема многу играчи во Европа на негова возраст кои одиграле 100 меча за Наполи и 65 за репрезентација“, изјави Гарди.

„ Претходно тој влегуваше во финишот, играше само по 10-15 минути, а тоа не е лесно. Сега работите се менуваат, неговата самодоверба расте. Почна да дава клучни голови, ја подобри конкретноста пред противничките голови. Тој е модерен играч кој покрива голем дел од теренот. Не се водат разговори,Елиф има долг договор и нема размислување за продолжување на соработката“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…