Сопственикот на Манчестер Јунајтновинарите го пресретнаа во ресторан.
Глејзери во последните години ретко се појавуваа во јавноста, бидејќи се свесни за непријателството што го чувствуваат навивачите на клубот. Овој пат имаше преседан бидејќи новинарите на „Скај“ ги пресретнаа на улица.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Конкретно, тие го пресретнале Аврам Глејзер, од кого било побарано да ја коментира одлуката на семејството да започне процес на продажба на клубот.
„Како што најавивме, Управниот одбор влезе во процес и одлуката е да се изнајдат стратешки планови за во иднина. Ќе видиме до каде ќе стигнеме“, кратко изјави Аврам.
Од него беше побарано кратко да ги коментира зборовите на Кристијано Роналдо дека не му е грижа за никого во клубот.
„Ќе ви кажам нешто за Кристијано. Тој е големо име на Манчестер Јунајтед, му посакувам многу среќа во иднина“, само кратко порача Аврам Глејзер пред влезе во ресторанот.