Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс и Сан Антонио Спарс минатата ноќ одиграа натпревар, а една ситуација се издвојуваше од натпреварот, бидејќи станува збор за конфликт меѓу двајца играчи.
Во центарот на вниманието се најдоа Ивица Зубац и Виктор Вембањама кои влегоа во конфликт по една акција.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Зубац во таа акција влезе во физички контакт и го „патосира“ Вембањама, кој падна на земја, но веднаш сакаше да стане и да се пресмета со Хрватот.
На крајот ништо не се случи, иако изгледаше дека Вембанјама не сакаше само да се предаде, повеќе отколку да влезе во вистинска физичка пресметка, па ситуацијата беше прилично мирно разрешена.
Како победници од тој натпревар излегоа Клиперси со резултат 128:116, а Зубац заврши со 21 поени и 22 скока.
.Wemby vs. Zubac 😳 pic.twitter.com/LSydIQDZnQ
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 30, 2025