Жил Кунде од Барселона е фудбалерот со најмногу одиграни натпревари во 2024 година.
Французинот одиграл вкупно 69 мечеви досега годинава, а ако се биде како што треба следниот викенд ќе стигне до бројката 70.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според анализата на Фудбалската опсерваторија (ЦИЕС), во пресметката се вклучени натпревари на клупско и репрезентативно ниво, вклучувајќи ги и натпреварите во репрезентациите У21 и У23.
Втор на оваа листа е Колумбиецот од Флуминенсе Џон Аријас, додека трет е играчот на Реал Мадрид Федерико Валверде.
Арис оваа година одигра 67 натпревари, а Валверде 66.
Зад нив се Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Николас Отаменди (Бенфика) и Гранит Џака (Баер).