Дома Фудбал „Земјотрес“ по Ел Класико: Судиите во ВАР-собата по голот на Фермин кажаа „Фала му на Бога“ (Видео)

„Земјотрес“ по Ел Класико: Судиите во ВАР-собата по голот на Фермин кажаа „Фала му на Бога“ (Видео)

Шпанска „Марка“ го издвојува моментот од петтата минута од судиското надополнување на вчерашниот Ел Класико и пренесува што се случувало во ВАР собата во тие моменти. Голот за 5:3 на Барселона против Реал Мадрид го постигна Фермин Лопез, но тој не беше признаен откако главниот судија на натпреварот беше сигнализиран за играње со рака на фудбалер на Барселона.

Голот беше поништен поради тоа што 22-годишникот си помогнал со рака во акцијата. Мартинез Мануера, кој беше во ВАР собата, беше одговорен за информирање на главниот судија на натпреварот Алехандро Хозе Ернандез Ернандез.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Сепак, неколку часа подоцна, по завршувањето на неделниот натпревар, Федерацијата го објави разговорот јавно, што стана вообичаено. Во него се слуша мистериозен глас кој вели: “Фала му на Бога” (во 37. секунда), што многу ги налути навивачите на Барса”, пишува „Марка“.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер најде напаѓач во Парма

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми. Фудбалскиот клу…