Дома Фудбал Заврши летниот трансфер период во најсилните европски лиги. Еве ги 10-те најголеми трансфери

Заврши летниот трансфер период во најсилните европски лиги. Еве ги 10-те најголеми трансфери

Летниот трансфер период во најсилните европски фудбалски лиги заврши во понеделникот вечерта. Ова лето вкупно 25 трансфери беа извршени со сума од 50 милиони евра или повеќе, а највредниот меѓу нив беше трансферот на Александар Исак, кој за 144 милиони евра го напушти Њукасл и се приклучи на Ливерпул.

Ова лето, Ливерпул ги направи трите најголеми трансакции. Покрај рекордниот Исак, актуелните шампиони на Англија платија 125 милиони евра на Баер Леверкузен за трансферот на Флоријан Вирц, а 95 милиони евра на Ајнтрахт за да го обезбедат Хуго Екитике.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Петте најголеми трансфери ги заокружуваат Ник Волтемаде и неговиот трансфер од Штутгарт во Њукасл за 85 милиони евра, како и трансферот на Бенџамин Шешко од Лајпциг во Манчестер Јунајтед за 76.5 милиони евра.

Листа на 10-те најскапи трансфери ова лето

  1. Александар Исак (Њукасл – Ливерпул), 144 милиони евра
  2. Флоријан Вирц (Баер Леверкузен – Ливерпул), 125 милиони евра
  3. Хуго Екитике (Ајнтрахт – Ливерпул), 95 милиони евра
  4. Ник Волтемаде (Штутгарт – Њукасл), 85 милиони евра
  5. Бенџамин Шешко (Лајпциг – Манчестер Јунајтед), 76.5 милиони евра
  6. Виктор Осимен (Наполи – Галатасарај), 75 милиони евра
  7. Брајан Мбеумо (Брентфорд – Манчестер Јунајтед), 75 милиони евра
  8. Матеус Куња (Вулвс – Манчестер Јунајтед), 74.2 милиони евра
  9. Мартин Зубименди (Реал Сосиедад – Арсенал), 70 милиони евра
  10. Луис Диаз (Ливерпул – Бајерн), 70 милиони евра
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола спрема спектакуларно засилување во јануари

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…