Дома Фудбал ЗАСЛУЖЕНО: Барселона подготвува нов договор за Флик

ЗАСЛУЖЕНО: Барселона подготвува нов договор за Флик

Германскиот тренер Ханси Флик блеска оваа сезона со Барселона, а управата на Каталонците е подготвена да ја награди неговата добра работа.

Германскиот стручњак веќе освои два трофеи во Суперкупот и Купот на кралот, има големи шанси да ја освои и Ла лига, а оди добро и во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тренерот има договор кој истекува во јуни следната година и речиси сигурно е дека раководителите на клубот ќе направат сè за да го задржат подолго и со новиот потпис би требало да заработува повеќе.

Флик минатото лето потпиша договор до 30 јуни 2026 година, што е датум кој совпаѓа со крајот на мандатот на претседателот на клубот Жоан Лапорта, но тоа нема да влијае на неговиот статус.

Флик треба официјално да го потпише новиот договор во наредниот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се зогуваја, па го вратија:Фабијански повторно во Вест Хем

Полскиот фудбалски голман Лукаш Фабијански потпиша договор со Вест Хем до крајот на сезона…