Дома Фудбал Замена без преседан: Флорентино го нуди Винисиус во замена за ѕвезда на ПСЖ

Замена без преседан: Флорентино го нуди Винисиус во замена за ѕвезда на ПСЖ

Реал Мадрид повторно ја потресе фудбалската јавност низ цела Европа. Овој пат не станува збор за стандардниот трансфер, туку за потег кој многумина го сметаат за невиден во модерната ера на клубскиот фудбал. Претседателот на „Лос Бланкоси” Флорентино Перез наводно е подготвен да понуди една од најголемите ѕвезди на тимот, Винисиус Жуниор, во размена за ѕвезда на ПСЖ.

Оваа вест одекна како бомба бидејќи ретко се случува играч од светски калибар да биде понуден како „валута” во директна размена. Вини е клучен напаѓач на Реал Мадрид веќе сезони, но сега е се поизвесен неговиот заминдук од Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причината за ваквиот потег, според извори од Шпанија, се крие во комплицираните преговори околу новиот договор. Бразилецот наводно бара значително повисока годишна плата отколку што Реал е подготвен да понуди, што создава тензии меѓу бразилскиот напаѓач и управата на клубот.

Перез, инаку познат по смели одлуки, сега разгледува опција во преговорите со ПСЖ да го понуди Вини како главен дел од размената. Тоа би можело да ги задоволи амбициите на Парижаните и воедно да отвори врата за други засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо откри дека може да се повлече дури кога ќе оствари уште една цел во кариерата

Кристијано Роналдо сè уште не размислува за крајот, но јасно поставил граница. Португалецо…