Драмата во Барселона околу регистрацијата на Дани Олмо сè уште трае бидејќи Шпанецот моментално нема право да игра за каталонскиот клуб. За тоа денеска зборуваше и Карло Анчелоти, кој не можеше да избегне прашањето за Олмо на прес конференцијата.
Реал Мадрид утре ќе гостува на „Месталја“ кај Валенсија каде што ќе се игра одложениот натпревар од 12. коло на Ла Лига, кој беше одложен пред неколку недели поради катастрофалните поплави кои ја зафатија таа област.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Денеска пред шпанските новинари се појави Карло Анчелотиi на прес конференцијата, на која зборуваше за утрешниот натпревар против Лилјаците.
Меѓутоа, Анчелоти и овојпат не можеше да ја избегне приказната за најголемиот ривал Барселона, која минува низ многу тежок период бидејќи Каталонците на секој начин пробуваат да ги регистрираат Дани Олмо и Pау Виктор за вториот дел од сезоната.
Барселона веќе двапати се обиде да ги регистрира, но Ла Лига тоа го одби. Тие имаат рок уште утре да се обидат да ги регистрираат и ако тоа не успее тоа ќе биде вистинска катастрофа бидејќи Олмо и Виктор имаат право бесплатно да ја напуштат Барселона.
Еден од новинарите го праша Анчелоти на денешната прес конференција што мисли за тоа што се случува во Барселона околу регистрацијата на играчите, а тој одлучи да одговори на тоа прашање.
“Не ги знам сите детали, но знам една работа. Правилата се јасни и исти за сите и сите треба да ги почитуваме”, рече Анчелоти и додаде.
“Она што нас ни се случи со формата во ноември, на Барселона и се случува во декември. Нормално е да навлезете во еден период на стагнација, по кој се враќате на претходното ниво”.
🗣️ Карло Ancelotti: Дани Olmo? “Единственото што можам да кажам е дека правилата треба да се почитуваат.”
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) January 2, 2025
НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОЈАСНО 👏🏻👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/hklAMMKDb0
Каталонците не се премногу воодушевени што италијанскиот стручњак воопшто зборуваше за таа тема бидејќи сметаат дека токму во Мадрид е најголемиот проблем и дека сите се здружиле против Барселона околу Олмо и Виктор..