Дома Останати Ракомет Втор пораз за младите ракометари: Испуштивме пет гола предност и ги загубивме шансите за втора фаза!

Втор пораз за младите ракометари: Испуштивме пет гола предност и ги загубивме шансите за втора фаза!

Македонската ракометна репрезентација до 21 година го запиша и вториот пораз на Светското првенство во Полска, откако загуби од Романија со минимални 28-27, иако на полувреме имаше убедлива предност од пет голови.

Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа натпревар со две различни лица – првото полувреме беше слика на дисциплина, инспирација и тимска игра, но вториот дел донесе пад во концентрацијата и целосен пресврт.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Македонија доминираше во првиот дел, ја градеше предноста чекор по чекор, а на пауза заминавме со водство од 17-12. Се чинеше дека младите „црвено-жолти“ се на пат кон првата победа, но сценариото во вториот дел доби поинаков тек.

Романците трпеливо ја намалуваа разликата и во самиот финиш успеаа да го свртат резултатот во своја корист. Даниел Станчуич беше нерешлива енигма за нашата одбрана и со дури 13 погодоци беше клучниот играч на натпреварот.

Во македонскиот табор најпрецизен беше Димитар Узунчев со 7 голови, додека Мирче Калајџиески запиша 5. Сепак, нивниот учинок не беше доволен за да се избегне уште еден пораз.

Со овој резултат, Македонија и математички ги изгуби шансите за пласман во следната фаза. По две одиграни кола во групата, Романија води со 4 бода, следат Фарските Острови со 3, Исланд има 1, додека нашите млади ракометари се на последната позиција без освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Нов потпис во Вардар: Останува еден од најважните!

Екипата на Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолж…