
По зимската пауза, најпрестижното клупско фудбалско натпреварување се враќа со целата своја сјајност. Вечерва стартуваат првите четири натпревари од осмина финалето на Лигата на шампионите.
Најактуелниот настан е второто учество на Њукасл Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што на нивниот стадион, Сент Џејмс Парк, гостува тимот на Барселона. Иако Каталонците се во врвна форма, бројните повреди на клучните играчи им даваат надеж на домашните дека можат да постигнат позитивен резултат.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Вечерната програма, која започнува во 18:45 часот, се отвора со дуел помеѓу Галатасарај и Ливерпул во Истанбул. Турскиот тим направи сензација во плејофот исфрлајќи го Јувентус по неверојатни два натпревари, и јасно е дека “редсите” во жестокото гостување ќе имаат големи тешкотии.
Каде да се гледа?
- Галатасарај – Ливерпул (18.45), Arena Sport 2
- Њукасл – Барселона (21 час), Arena Sport 1
- Атлетико Мадрид – Тотенхем (21 час), Arena Sport 2
- Аталанта – Баерн (21 час), Arena Sport 3
- мултипренос – Arena Sport 4