
Легендарниот ММА борец Александар Волкановски долго време доминираше во категоријата до 66 килограми во УФЦ, но во последно време не му оди баш најдобро во октагонот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поранешниот шампион претрпе три порази во последните четири дуели, а во последните два меча доживеа тешки нокаути – oд Ислам Махачев и Илија Топурија.
Волкановски сега има можност да се врати на победничкиот пат, но задачата не е лесна. Тој ќе се натпреварува во главната борба на настанот УФЦ 314, а противник ќе му биде Бразилецот Дијего Лопез, кој стана познат во Мексико.
First look at Alexander Volkanovski in his custom shorts 🔥
— Championship Rounds (@ChampRDS) April 8, 2025
🎥 @ufc #UFC314 pic.twitter.com/kr5utBbBx1
Волкановски (26-4) ќе има специјална опрема за УФЦ настанот кој е закажан за викендов.
Се работи за шорцеви на кои има бои и симболи на три држави – татковината на Александар, Австралија, и земјите од каде што 36-годишникот од Волонгонг има корени. Неговата мајка е со грчко потекло, а таткото со македонско. Потекнува од селото Беранци.
УФЦ 314 започнува во недела наутро од 04.00 по средноевропско време и ќе се одржи во „Касеја центарот“, сала во Мајами каде што настапува и НБА тимот Хит.
Погледнете ја листата со сите борби на УФЦ 314:
Александар Волкановски – Дијего Лопес (до 66 кг)
Мајкл Чендлер – Педи Пимблет (до 70 кг)
Брајс Мичел – Жан Силва (до 66 кг)
Жаир Родригез – Патрисио Питбул (до 66 кг)
Никита Крилов – Доминик Рејес (до 93 кг)
Фото: Пртинскрин