Дома Моторспорт Војната на Блискиот Исток го менува календарот на Ф1?

Војната на Блискиот Исток го менува календарот на Ф1?

Воените случувања на Блискиот Исток целосно го нарушија целиот свет, и затоа Формула 1 разгледува нови опции за календарот за претстојната сезона.

Како што беше претходно најавено, во календарот за оваа година, како и за претходните, се најдоа трките во Бахреин и Саудиска Арабија, две земји кои се засегнати од војната помеѓу САД и Израел од едната и Иран од другата страна.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Од оваа причина, раководството на Формула 1 разгледува можност да ги откаже овие трки и да организира нови две – во Португалија и Италија.

Според првичните информации, трките што треба да се одржат во Бахреин на 12 април и во Саудиска Арабија седум дена подоцна, треба да ги заменат трките во Портимао и Имола. Овие две легендарни патеки, веројатно ќе им се допаднат на љубителите на Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Доминација на Бецеки во Тајланд, Дукати остана без подиум по 1.798 дена

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на Големата награда на Тајланд, со која започна …