Дома Фудбал Во Лацио доби отказ поради фотографии од половиот орган, а сега пронајде нова работ

Во Лацио доби отказ поради фотографии од половиот орган, а сега пронајде нова работ

Лацио пред еден месец го отпушти Хуан Бернабе (56), Шпанецот кој беше задолжен за работа со маскотата на римскиот клуб, орелот Олимпија. Бернабе на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од неговите гениталии по вградување на протеза, што италијанскиот прволигаш го санкционираше со раскинување на односите.

Да се потсетиме, Бернабе не одлучи да си замине мирно и тивко. Како што пишуваа медиумите, се заклучил во тренинг центарот на клубот и одбивал да го напушти. Наводно тоа го направил затоа што сакал да го дочека претседателот на клубот Клаудио Лотито и да му се извини за направеното со надеж дека ќе ја задржи работата. Тоа не му помогна, ја загуби работата, исто како и клупскиот лекар Габриеле Антонини, кој го оперирал.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


“Нема прошка. Дали би побарале прошка после убиство? Во фудбалот сум 20 години, се обидувам да искоренам одредени нешта. Сакам етички фудбал, едноставен. Навивачите исто така му имаа испратено остра порака. Дали мислите дека јас им побарав тоа да го направат?” рече тогаш претседателот на клубот Клаудио Лотито и додаде:

“Оној што се однесува така не може да оди во училиште по деца. И тој и лекарот го загубиле разумот. Во договорите стои дека, оној што го крши клубскиот етички кодекс, мора да го напушти клубот. Бернабе рече дека е во отворена врска и дека има односи со повеќе жени. Како може тој да нè претставува во училиште? Може да претставува бордел, не Лацио.”

Бернабе вчера повторно беше виден со орел на раката, но за него место веќе нема меѓу елитата. Снимен е на натпревар од италијанската Серија Д помеѓу Фолгоре Сарате и Брема (4:2). За своите услуги наводно бара 1000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марчињак стави крај на „Случајот Алварез“: Јас го повикав ВАР!

Лицето кое „пријави“ дека Хулиан Алварез, минимално, но два пати ја допре топката при сега…