
Леванте и Барселона одиграа неверојатен меч вчеравечер во второто коло на Ла Лига, а Каталонците по спектакуларен пресврт на крајот победија со 3:2. Но повторно многу полемики предизвика судењето и одредени одлуки, па Педри реши да излезе пред камерите и со изјавата да ја вознемири шпанската јавност.
Леванте се врати во најсилната лига на шпанскиот фудбал и покажа дека гостувањето на нивниот стадион повторно ќе биде ноќна мора за сите клубови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Овој тим беше пред сензација затоа што против Барселона водеше со 2:0 по првото полувреме, но Каталонците успеаја да постигнат неверојатен пресврт и да победат со 3:2.
Леванте поведе во 15-тата минута со мајсторскиот гол на Ромеро, а предноста ја удвоија домаќините во седмата минута во додаденото време на првиот дел со гол од пенал на искусниот Хозе Моралес.
Токму она што се случи пред вториот гол на домаќините предизвика огромна полемика, но и незадоволство во Барса каде што сметаат дека се оштетени и дека на домашниот тим не требало да му биде досуден пенал.
Судијата Ернандез Ернандез по прегледување на ВАР снимката додели пенал бидејќи топката го погоди Балде во рака. Гостите мислеа дека од тоа нема ништо бидејќи раката беше покрај телото, но и бидејќи идентична ситуација во минатогодишниот Ел Класико беше оценета како чиста.
По натпреварот се осврна и Педри кој изрази огромно незадоволство за сè што се случуваше, и порача дека не му е јасно како тоа е пенал, кога Фудбалската федерација на Шпанија пред неколку дена на судиите им воведе ново правило токму за вакви ситуации.
„Буквално пред неколку дена претставниците на RFEF ни одржаа предавање за новите правила во оваа сезона и нагласија дека особено внимание ќе се посвети на пеналите кои ќе се свират поради играње со рака во сопствениот шеснаесетник. Нам минатата сезона не ни беше досуден пенал на Ел Класико кога топката на Чуамени случајно ја погоди во испружената рака која беше во неприродна положба”, вели Педри и продолжува.
„Меѓутоа, судијата вечерва му додели пенал на Леванте откако топката ја погоди Балде во раката која беше покрај телото, во природна положба. За мене ова не е пенал, особено имајќи ги предвид новите правила за кои ни зборуваа. Изгледа дека е бесполезно да зборуваме, бидејќи ќе биде само онака како што ќе реши главниот судија. Искуствено, искрено, ништо не ми е јасно и мислам дека сите очекуваме објаснување што се случува, едноставно нема да молчам, не можам тоа да го сторам”.
Hernández Hernández no pitó la mano de Tchouaméni contra el Barça el año pasado, pero no ha dudado ni un segundo a la hora de pitar las supuestas manos de Alejandro Balde contra el Levante. Mismo árbitro, criterio más que opuesto. Van contra el Barça y van con todo. #FCBarcelona pic.twitter.com/Kw2tIWSA49
— Микел Блазкез (@BlazquezFont) 23 август 2025
Фото: Принтскрин