
Пет фудбалерки од иранската женска репрезентација, која настапи на Азијскиот куп во Австралија, добија хуманитарни визи, информираше австралискиот премиер Ентони Албанизе, потврдувајќи дека добил повик од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со ова прашање.
Навивачите упатуваа апели до австралиската влада да им понуди засолниште на овие жени поради страв дека можат да бидат прогононувани во Иран, бидејќи не ја пееја химната пред нивниот прв натпревар на турнирот./p>
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Албанизе изјави дека службите веќе некое време ја разгледуваат оваа ситуација и дека фудбалерките се преместени на сигурна локација – опција која е понудена и на останатите играчки од тимот, пренесува Си-Ен-Ен.
“Подготвени сме да помогнеме и на другите во тимот, забележувајќи дека ова е многу чувствителна ситуација и зависи од нив, но им порачуваме, ако ја сакате нашата помош, таа е на располагање и ќе ја дадеме,” изјави Албанизе.
Да потсетиме, во изјава американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека би било “страшна хуманитарна грешка” доколку Австралија им дозволи на играчките да се вратат во Иран, и дека САД би одобриле азил на иранските фудбалерки доколку Австралија тоа не го направи.