Дома Фудбал Влаховиќ може да го напушти Јувентус: „Старата дама“ подготвена за голема размена со Арсенал?

Влаховиќ може да го напушти Јувентус: „Старата дама“ подготвена за голема размена со Арсенал?

За Душан Влаховиќ изгледа дека нема враќање откако се расправаше со навивачите на Јувентус и само е прашање кога ќе ги спакува куферите и ќе го напушти клубот. Италијанците пишуваат дека веќе се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата српскиот играч и наводно е подготвена спектакуларна размена.

Иако Влаховиќ оваа сезона игра доста добро и според мислењето на многумина е најдобриот играч на Јувентус, како што стојат работите, српскиот репрезентативец ја завршува својата приказна во овој клуб и тешко дека ќе остане во Торино по оваа сезона.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Тој неодамна имаше вербален конфликт со навивачите на Јувентус кои и пред синоќешниот натпревар против Каљари во Купот на Италија го исмејуваа Влаховиќ, но имаше и остри навреди на сметка на српскиот напаѓач.

Љубовта помеѓу Влаховиќ и навивачите на Јувентус ја нема, што само дополнително ги подгреа гласините околу неговото заминување.

За ова се шпекулира веќе неколку месеци, а откако му свртија грб навивачите стана јасно дека Влаховиќ навистина е на излезната врата, бидејќи тие од раководството бараат колку што е можно порано да го продадат Србина.

Тешко е да се очекува дека Влаховиќ баш во јануари ќе го напушти Јувентус, иако и тоа не е исклучено, но по се изгледа, најверојатно е дека тоа ќе се случи на крајот на сезоната.

Во прашање е Арсенал, кој и претходно беше поврзуван со Влаховиќ, но овој пат Топџиите се решителни да го реализираат тој трансфер. Арсенал и Јувентус веќе се во контакт, и тоа откако Душан даде зелено светло за премин на Емиратес.

Медиумите во Италија пишуваат дека преговорите се забрзаа по сите случувања околу Влаховиќ и навивачите на Старата дама, па на лето, по се изгледа, тој ќе замине за Лондон.

Сепак, во сето ова и Јувентус би можел добро да помине, бидејќи Арсенал е подготвен да понуди на Старата дама размена на играчи, што во Торино сериозно ја разгледуваат.

Имено, Арсенал е подготвен да го вклучи Габриел Жесус во договорот и раководството на клубот од Торино покажало интерес да дојде Бразилецот во Јувентус, со што и тие би го решиле прашањето за нов напаѓач.

Покрај бразилскиот напаѓач, Арсенал е подготвен да плати и 20 милиони евра за да го донесат Влаховиќ, и во Лондон владее голем оптимизам дека Јувентус ќе ја прифати оваа понуда.

Дури се зборува дека Арсенал и Јувентус би можеле веќе во јануари да го завршат сето тоа, што за Влаховиќ би било идеално сценарио, бидејќи тој очигледно што побрзо сака да го напушти клубот од Торино.

Исто така, и Габриел Жесус нема ништо против тоа, бидејќи оваа сезона не играл многу во Арсенал, и не е тајна дека е незадоволен од минутажата што ја добива од Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова би било сензација: Тонали може да се врати во Серија А и тоа во големиот ривал на Милан!

Кориере дело Спорт тврди дека Јувентус размислува да го продаде Кенан Јилдиз за да го купи…