Душан Влаховиќ, напаѓачот на Јувентус, според сознанијата на „Газета дело спорт“, сè повеќе се доближува до промена на средината, а како главна причина за потенцијалното разделување е одбивањето на „Старата дама“ да го продолжи постојниот договор под услови што ги бара српската ѕвезда.
Познатиот италијански спортски медиум наведува дека Влаховиќ одбива да потпише нов договор, бидејќи според истиот би заработувал помалку од она што го добива сега.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Сегашниот договор на поранешниот напаѓач на Фиорентина и Партизан истекува во 2026 година, гарантирајќи му 10,5 милиони евра оваа година и 12 милиони евра следната година.
Разделбата е сè поизвесна, но тешко е да се очекува дека Јувентус ќе го продаде Влаховиќ во текот на сезоната, иако тој наводно побарал од клубот да го стави на трансфер листата и да започне потрага по замена. Српскиот репрезентативец досега е постигнал 12 гола и е прв стрелец во тимот.
Влаховиќ на тренинг доби повреда поради која ќе тренира индивидуално до крајот на неделата и моментално не е сигурно дали ќе може да одигра на градското дерби против Торино во сабота во рамките на Серија А.