Дома Останати Тенис Вистинско богатство: За еден билет на УС Опен можете да потрошите и колку за еден добар автомобил!

Вистинско богатство: За еден билет на УС Опен можете да потрошите и колку за еден добар автомобил!

Изборот е ваш – да купите половен добар автомобил или пак најскапата влезница за Ју-Ес опен. Очигледно, оние кои располагаат со доволно средства за најдобрите места на стадионот Артур Еш за финалето на машкиот сингл, немаат проблеми да си дозволат и многу поскап автомобил од обичниот.

Интересно е дека цената на најскапата влезница за последниот голем меч на годинашните гренд слемови достигнува импресивни 45.516 долари. Најевтината е 429 долари, а просечната цена изнесува 4.058 долари. Сите овие суми се според официјалната продажба. Сепак, ако се пласираат во финале од следниве тројца – Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкарас – нема сомнеж дека кај препродавачите цената ќе порасне неколкукратно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интересно е дека влезниците за женското финале се значително поевтини. Најскапата изнесува 17.003 долари, најевтината е 351, а просечната цена е 1.869 долари.

Ова ќе биде нов аргумент за оние кои тврдат дека тенисерките не се само еднакво платени туку и подобро наградени. Имено, наградниот фонд за обата пола е идентичен, но машката половина обезбедува поголеми приходи (значително повисоки цени на влезниците) и се соочува со повеќе напори, бидејќи мечевите се играат на три добиени сета, а кај жените на два.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ждрепка за УС-Опен: Ѓоковиќ го избегна Синер, но го чека можна средба со Алкараз во полуфинале

Организаторите на УС-Опен ја објавија ждрепката за последниот гренд слем турнир во сезонат…