Дома Фудбал Останато Вистински хорор: Боксер бил брyтално yбиен, па закопан во земја

Вистински хорор: Боксер бил брyтално yбиен, па закопан во земја

Бартож Лапински (33), поранешен полски аматерски боксер, пронајден е мртов, а телото закопано на нива во местото Глабис во Белгија.

Според првите информации, се сомнева дека Бартож Лапински бил убиен во декември минатата година, иако неговото тело било откриено дури средината на јануари, додека семејството го пријавило неговото исчезнување пред неколку недели.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Според достапните информации, околностите на исчезнувањето и смртта остануваат нејасни, а истрагата е во тек за да се утврдат точните причини за оваа трагедија. Лапински последниве години живеел како бездомник во Брeн л’Але, се борел со зависност и бил добро познат на полицијата.

Ужасниот злостор сите ги потресе во Брeн л’Але. Телото на поранешниот боксер беше пронајдено минатата недела закопано на нива во Глабис, соопштија белгиските медиуми. Уапсени се три лица кои се осомничени за суровото злосторство, соопшти канцеларијата на обвинителот во Валонски Брабант за агенцијата Белга. Белгиските власти го откриле неговото тело за време на истрага водена по неговото исчезнување.

Главниот осомничен и двајца наводни соучесници се уапсени, а властите повикуваат сите кои имаат информации што би можеле да помогнат во истрагата да се јават.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија ќе има двајца претставници на ММА Европското првенство

Македонија ќе има двајца претставници на Европското ММА првенство 2025. Европското ММА Прв…