Дома Фудбал Винисиус одбива да го продолжи договорот со Реал Мадрид поради Алонсо

Винисиус одбива да го продолжи договорот со Реал Мадрид поради Алонсо

Ѕвездата на Реал Мадрид Винисиус Жуниор засега не сака да го продолжи договорот што истекува во летото 2027 година поради затегнатите односи со тренерот на тимот, Чаби Алонсо, пишува The Athletic.

Изданието се повикува на информации од три различни извори, според кои Винисиус ја изразил оваа своја позиција на состанокот со претседателот на клубот Флорентино Перес кон крајот на минатиот месец.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Како што е познато, разговорите меѓу двете страни започнаа уште на почетокот на годинава, но сеуште немаат постигнато договор за продолжување на контрактот. Во меѓувреме, неповолните односи меѓу крилото и Алонсо го натерале 25-годишниот играч уште повеќе да се сомнева во идејата за продолжување на престојот на „Бернабеу“.

Се повеќе се зборува за претпоставеното недоразбирање меѓу Винисиус и неговиот тренер, при што овие слухови беа засилени од бурната реакција на фудбалерот при неговата замена за време на Ел Класико. Потоа тој се извини за своето однесување тогаш, но без да го спомне Алонсо, што се смета за намерно.

Од 17-те натпревари на бразилскиот репрезентативец оваа сезона, целосни 90 минути одигра само на пет од нив, а на други четири започнуваше од клупата. Очигледно ова не му се допаѓа на напаѓачот, кој добиваше повеќе играчко време под водство на претходниот тренер Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седмиот најбогат човек во светот вложува во Реал Мадрид

Францускиот мултимилијардер Бернар Арно, кој стои на чело на модната империја LVMH, заедно…