
Финалето на Мастерсот во Мајами беше во понеделник наутро по европско време, следниот Мастерс, во Монте Карло, почнува веќе во недела. Значи, само пет дена помеѓу крајот на едниот и почетокот на другиот.
Матс Виландер, двократен шампион во Монако, вели дека Ѓоковиќ треба да се појави на терените на турнирот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Монте Карло не е турнир на кој Новак играл неверојатно добро, но тоа е турнир на кој треба да оди и да добие неколку мечеви – убеден е коментаторот на Евроспорт дека Ѓоковиќ токму во Канти клуб треба да почне нов потфат за стотата титула, иако дури и тука нема големи шанси за тоа.
„Мислам дека на неговите години не е добро да биде три или четири недели без игра. Затоа верувам дека му се неопходни настапи. Ѓоковиќ ќе почне да игра одличен тенис на земја дури во Мадрид и Рим“, посочи Виландер.