Дома Фудбал ВИДЕО: Влаховиќ освиркан по постигнатиот гол на ревијалниот натпревар

ВИДЕО: Влаховиќ освиркан по постигнатиот гол на ревијалниот натпревар

ЈУВЕНТУС забележа победа со 2:0 против јуниорите на традиционалниот подготвителен натпревар, благодарение на головите на Даглас Луиз и Душан Влаховиќ, но српскиот напаѓач стана мета на свиркања од страна на навивачите. Обично, ова е дел од летната рутина на Бианконерите, натпреварот помеѓу првиот тим и јуниорите, но овојпат не се одржа во тренинг кампот во Виљар Пероси, туку на стадионот Алијанц во Торино.

Натпреварот вообичаено не трае полни 90 минути, па така и овој пат беше прекинат по 52 минути, кога навивачите традиционално влегоа на теренот. Даглас Луиз ја отвори мрежата со редок удар со глава, потоа асистираше на Влаховиќ кој го совлада голманот.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Сепак, дел од публиката го освирка Влаховиќ и при грешката пред голот и откако го постигна, а тој одлучи воопшто да не го прослави голот. Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот на сезоната и клубот се обидува на секој начин да го продаде пред следното лето за да избегне да го загуби без надоместок.

Тренерот Игор Тудор не го криеше своето незадоволство поради свиркањата упатени кон српскиот напаѓач. “Тоа е разочарувачки, тој сè уште е играч на Јувентус. Работеше многу професионално, тренираше напорно, како и сите други. Даглас Луиз исто така покажа добар настап, во овој тим има квалитет,” рече Тудор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА има идеја: Сака целосно да го промени и форматот на европскиот Суперкуп

Екипата на Пари Сен Жермен ja освои титулата во Европскиот Суперкуп, откако по нерешени 2:…