
Барселона во 14. коло од Ла Лига го победи Алавес со 3:1, но изгледа дека тренерот Ханси Флик не беше премногу задоволен. Сцената на клупата тоа јасно го покажува.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Триумфот против Алавес на стадионот „Камп Ноу“ не му донесе премногу радост на Ханси Флик. Остана да седи на клупата извесно време, а утеха му пружи Бразилецот Рафиња.
Германскиот стручњак беше скоро во солзи и размислуваше. Потоа му се приближи Рафиња и му кажа одредени работи.
Флик откри што му зборуваше фудбалерот на Барселона во овие моменти на разочарување, иако забележаа победа.
“На крајот од натпреварот, Рафиња ми зборуваше истата работа што ја кажав минатиот пат: ‘Ќе напредуваме и ќе бидеме подобри во следните натпревари'”, се зборовите на Ханси Флик.
What’s wrong with Hansi Flick🥺 pic.twitter.com/zJIpYK6lJA
— Бернезе (@theberneese) 29 ноември 2025