Дома Останати Кошарка (Видео) Млад кошаркар во критична состојба: Пожарникарите го сечеле здробеното Ферари за да го извлечат

(Видео) Млад кошаркар во критична состојба: Пожарникарите го сечеле здробеното Ферари за да го извлечат

Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Италија! Младиот и перспективен кошаркар Матео Бетанти (21) се наоѓа во критична состојба.

Сè се случило на една од најпрометните улици во Вигевано, и за среќа, во моментот на несреќата, во недела околу 19:30, на тротоарот немало минувачи, бидејќи инаку ќе настанеше вистинска трагедија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Скапото Ферари наводно поради преголема брзина изгубил контрола и удрил во ѕидот на цвеќарница, при што настанала огромна штета. Возилото се изврте и застана на средина на патот, целосно здробено.

Во автомобилот биле двајца мажи, зад воланот бил младиот талентиран италијански кошаркар Матео Бетанти, а на местото на совозачот бил бизнисменот Алберто Ригини.

Пожарникарите морале да го исечат трупот на автомобилот за да ги ослободат заробените патници, младиот Бетанти бил во критична состојба, па со хеликоптер на итна помош го пренеле во болницата Нигуарда во Милано, каде се наоѓа на одделот за интензивна нега. Неговата состојба е сериозна, повредите се тешки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ испиша негативна страница во НБА лигата, а Аделман ја кажа причината

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ синоќа испиша негативен рекорд во НБА лигата откако при пор…