Дома Моторспорт (Видео) Драма во Ф1: Лосон за малку ќе ги прегазеше редарите за време на трката

(Видео) Драма во Ф1: Лосон за малку ќе ги прегазеше редарите за време на трката

Голем инцидент можеше да се случи за време на Големата награда на Мексико, но за среќа возачот на Рејсинг Бул Лијам Лосон одлично реагираше и трагедијата беше избегната.

Сѐ се случи откако возачот се врати на патеката од боксот, кога на сред патека се најдоа редарите кои собираа делови од болидите што беа расфрлани по бројните контакти на почетокот на трката.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од тимот го предупредија Лосон дека во првиот дел од патеката го чекаат двојни жолти знамиња и дека треба да внимава на деловите од болидите, по што набргу налетал на редарите.

„О боже мој, дали се шегувате? Видовте ли ова? Можев да ги убијам“, изјави Лосон во пораката до неговиот тим.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Колку заработуваат возачите во Формула 1: Хамилтон имаше најголема плата, но не заработи најмногу

Сезоната на Формула 1 заврши неодамна, а титулата шампион ја понесе Ландо Норис. Меѓутоа, …