Дома Фудбал (Видео) Четири гола против Атлетик и враќањето на „Камп Ноу“ во втор план поради сцената во десеттата минута

(Видео) Четири гола против Атлетик и враќањето на „Камп Ноу“ во втор план поради сцената во десеттата минута

Барселона вчера, по повеќе од две години, повторно играше на својот „Камп Ноу“ и со 4:0 го победи Атлетик Билбао. Но, сцената што се случи во десеттата минута стана главна тема на социјалните мрежи.

Иако Камп Ноу сè уште е во фаза на реновирање, Барселона доби дозвола да ги игра своите натпревари на овој терен, што навивачите со одушевување го пречекаа и вчера во голем број дојдоа да го поддржат својот клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Секако, капацитетот сè уште не е целосен поради работите што траат, но вчерашниот натпревар го следеа скоро 50.000 луѓе, што навистина е импресивно.

Барселона не можеше на подобар начин да се врати дома, бидејќи во натпреварот од 13-то коло на Ла Лига го декласираше Атлетик со 4:0 и освои нови три бода.

Два гола во вчерашната победа беа дело на Феран Торес, а на листата на стрелци се впишаа и Роберт Левандовски и Фермин Лопез.

Сепак, главната тема на социјалните мрежи е она што се случи во воведниот дел на вчерашниот натпревар.

Имено, во десеттата минута од трибините се слушна „Меси, Меси“, а камерите веднаш го прикажаа Жоан Лапорта, што беше јасна порака колку навивачите сакаат повторно да го видат Аргентинецот во дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандеш го надмина легендарниот Бекам и влезе во историјата, но каде ќе игра следната сезона?

Бруно Фернандеш повторно е херој на Манчестер Јунајтед. Иако не постигна гол, пак запиша д…