Дома Фудбал Венгер за шансите на Арсенал за титула: Се молам секој ден, но изгледа ќе треба подобро

Венгер за шансите на Арсенал за титула: Се молам секој ден, но изгледа ќе треба подобро

Откако претходните две сезони го заземаше второто место на табелата во Премиер лигата, Арсенал ја дочека сезоната во која Манчестер Сити не изгледа доминантно и во која е пред него на табелата. Сепак, ова сезона проблем за Арсенал е доминацијата на Ливерпул, па екипата на Микел Артета повторно е втора со значително бодовно заостанување за лидерот на англиското првенство.

Арсенал својот последен лигашки наслов го прослави во сезоната 2003/04 кога тимот го водеше Французинот Арсен Венгер. Тој денес има 75 години и веќе некое време не е тренер, туку шеф на глобалниот развој на фудбалот при ФИФА. Сѐ уште го следи лондонскиот клуб во кој беше тренер од 1996 до 2018 година.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


На прашањето што треба да се случи за Арсенал на крајот од оваа сезона да ја освои титулата, Венгер одговори:

„Едноставно е, Ливерпул би требало да губи натпревари. Но досега одиграа 25 и загубија само еден. Во следните 13 треба да загубат барем три пати. Во овој момент не изгледа веројатно дека Арсенал ќе ја освои титулата, Ливерпул е супефаворит.“

„Освен тоа, Арсенал би требало совршено да го изведе својот низ. Се молам за титулата, но очигледно треба да го подобрам квалитетот на својата молитва“, додаде Венгер. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигаш тргнува по Влаховиќ – Србинот е на попуст!

Особено затоа што Италијанците го ангажираа Рандал Коло-Муани кој одлично започна кариера …