
Во еден од најсрамните моменти во историјата на Лигата на шампиони, менаџерот на Тотенхем, Игор Тудор, одлучи да го замени голманот веќе во 17-та минута од натпреварот против Атлетико Мадрид во осминафиналето.
Младиот голман Антонин Кински доби шанса од почетокот на натпреварот, првпат од октомври 2025 година, откако Тудор реши да го остави стандарниот голман Гуглиелмо Викарио на клупата.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Сепак, таа одлука брзо се покажа како погрешна. Кински направи неколку грешки во стартните минути, што играчите на Атлетико го искористија и по само 15 минути бекството резултираше со високи 3:0.
По постигнатиот трет гол од Хулијан Алварез за гостите, чешкиот голман веднаш беше заменет, а на теренот влезе Викарио. Кински веднаш се упати кон соблекувалната.
“Никогаш не сум видел нешто вакво на фудбалското поле. Огромна одлука од менаџерот Игор Тудор. Голманот е виновен за головите, но ова може целосно да му ја уништи самодовербата”, истакна Робинсон.