Дома Останати Ракомет Вардар му го продолжи договорот на Марио Стојановски

Вардар му го продолжи договорот на Марио Стојановски

Македонскиот ракометен гигант Вардар соопшти дека ја продолжиле соработката со левото крило Марио Стојановски, кој ќе остане во скопскиот тим уште две сезони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Стојановски е играч израснат во вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои постепено и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот тим. Во изминатиот период тој се наметна како опција на позицијата лево крило на кого може да му се верува. Неговиот напредок беше препознаен и од стручниот штаб, кој му доделуваше се поголема минутажа.

Паралелно со клупските обврски, тој има и репрезентативно искуство со младите селекции на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата перспектива.

Клубот и во наредниот период ќе смета на неговата енергија, посветеност и желба за напредок, со јасна цел за заеднички успеси во иднина“, соопштија од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…