Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејоф фазата, совладувајќи ги со 28-24.

Мечот започна моќно за домаќините – Вардар тргна офанзивно и брзо создаде предност од 5-1. Сепак, охриѓани не се предадоа. Како што течеше првото полувреме, успеаја да ја консолидираат играта, а по водството на Вардар од 10-5, следеше серија од четири последователни гола за Охрид, со што ја намалија разликата на само еден гол. На полувремето резултатот гласеше 13-12 во корист на домаќините.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во второто полувреме натпреварот продолжи во сличен ритам. Резултатот беше изедначен во неколку наврати, но Охрид не успеа целосно да го преземе водството. При 20-19, Вардар повторно ја активираше својата офанзивна машина, го засили темпото и направи клучна серија со која се одлепи и го реши прашањето околу победникот.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Вуко Борозан и Дмитро Хориха, кои постигнаа по седум гола.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…