Дома Фудбал Ван Дајк е сигурен дека Ливерпул ќе направи „големо лето“ на трансфер пазарот

Ван Дајк е сигурен дека Ливерпул ќе направи „големо лето“ на трансфер пазарот

Се очекува подоцна во текот на неделата да биде објавен новиот двегодишен договор на Ван Дајк со Ливерпул по примерот на неговиот соиграч Мохамед Салах, кој во петокот објави дека останува уште две години кај „црвените“.

“Мислам дека Ливерпул ќе биде способен да се бори за титулата и во следните години. Кои и да си заминат или да дојдат играчи, мислам дека ќе биде големо лето. Мислам дека планираат такво лето и треба да веруваме на управата”, додаде Ван Дајк, кој беше капитан на тимот по 100-ти пат против Вест Хем.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Не можете со зборови да опишете колку е важен тој. Очигледно поради головите и асистенциите, но и поради неверојатната посветеност во овие осум години во кои игра за тимот. Тој ќе го покаже тоа уште неколку години”, рече Холанѓанецот за новиот договор на Салах.

“Да се биде успешен со Ливерпул поради културата на клубот е дел од мене. Го сакам клубот, тоа е очигледно. Тоа е јасно од начинот на кој зборувам за Ливерпул, на начинот на кој работам и секогаш ќе биде така. Ние сме на две победи, шест поени од славата. Знам што значи тоа за клубот и ќе направиме така, за да се случи”, вети Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол размислувал да се откаже од фудбалот и да започне со кошарка

Одбранбениот играч на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, откри дека во времето кога бил млади…