
Холандската фудбалска легенда Марко ван Бастен остро го критикуваше Мохамед Салах, изјавувајќи дека sвездата на Ливерпул има „мозок на инсект”, реагирајќи на вербалниот испад на Египќанецот кон тренерот на Редс Арне Слот. Салах јавно изрази незадоволство откако третата последователна премиерлигашка утакмица ја помина на клупата за резерви, пишува Goal.com.
Откако минатата сезона рекордно по четврти пат ја освои Златната копачка на Премиер лигата, Салах во сезоната 2025/26 доживеа забележителен пад во формата. Египетскиот напаѓач досега постигна само пет голови и запиша три асистенции во 19 настапи во сите натпреварувања.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Поранешниот холандски репрезентативец и легендарен напаѓач Марко ван Бастен грубо го коментираше однесувањето на Салах за Ziggo Sport.
„Би рекол: мозок на инсект. Ако така реагираш… Минатата година беше многу добар, но оваа сезона не е добар. Последните неколку месеци едноставно е лош. Секогаш го сметам Слот за искрен и директен. Не бега од конфликт и на крајот не кажува ништо неразумно. Салах, од друга страна, навистина почна да го напаѓа човекот и реагира погрешно.”