Со години, фудбалот некако секогаш успеваше да изненади, но оваа ситуација е сосема различна од сите останати.
Претседателот на Слобода, Aзмир Хусиќ, одржа прес-конференција и при таа прилика објави дека е одлучено да се отпуштат сите играчи и тренерот!
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Навистина незапамтена ситуација во историјата на фудбалот, а тоа беше реакција на клубот по освојување само два бода во полусезоната.
“Ги отпуштивме сите фудбалери. Премиер лигата продолжува многу брзо. Паузата нема да биде долга. За дваесетина дена треба да се организираме. Се трудивме да направиме нешто по тоа прашање, доведовме неколку играчи да пробаат нешто да направат. Влегувајќи во документите, видовме дека ситуацијата во клубот е уште полоша од 2012 година, сметката е блокирана што ни го отежнува работењето. Не знаеме ни колку се насобрале тие блокади. На почетокот беа помали износи, парите беа уплаќани, потоа добивме информации дека износите се многу поголеми. Се надевам дека ќе имаме појасна слика во наредните денови. Во секој друг сегмент, почнувајќи од транспортот, кој вршеше услуги, исто е, долгови. Од хотелите по Тузла, па понатаму. Успеавме некако на свои начини тој дел да го решиме, така што искрено, Слобода е во незавидна положба”, истакна Хусиќ.
Тој сега сака да формира екипа која ќе може да освои повеќе бодови.
“Треба да бидеме реални, многу сме поблиску до испаѓање од Премиер лигата, но во Слобода се изгубени многу години. Нема да биде штета да пропуштиме уште една година ако постои план и стратегија, што е клучно. Не треба да се предаваме, има 16 кола, тоа се многу бодови во игра. Се надевам дека може нешто да се направи. Ќе се бориме до крајот, ќе пробаме да создадеме екипа која ќе освои повеќе бодови. Жалосно е што Слобода има два бода. Им реков вчера на играчите дека не можеше да биде ни полесен ни потежок ден. Потешко беше да објавам дека повеќе не се играчи на Слобода, а полесно е што нема да има натпревари во следниот период. Мило ми е што поголемиот дел го прифатија, дојдоа седум играчи кои потпишаа раскин на договори, кои се за подолг период, што ни дава олеснување. Се надевам дека во текот на неделата поголемиот дел ќе го направат ова на овој начин. Тоа ќе ни биде показател во кој правец треба да одиме”, рече првиот човек на Слобода.
Клубот го напушти и тренерот Златан Налиќ, кој беше остар кон поранешните играчи.
Коментари