Дома Фудбал Романо: Чави Симонс ќе се приклучи на Тотенхем

Романо: Чави Симонс ќе се приклучи на Тотенхем

Тотенхем и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на кој Чави Симонс (22) ќе премине во лондонскиот клуб.

Холандскиот репрезентативец, некогашната детска сензација од школото на Барселона, во својата кариера настапуваше за ПСЖ и ПСВ пред да се приклучи на германскиот клуб, каде на 78 натпревари постигна 22 голови и асистираше за 24.

Денес се очекуваат лекарските прегледи, а потоа и потпишувањето на договорот, изјави Фабрицио Романо.

Според извори, трансферот вреди 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moдриќ донесе конечна одлука за својата иднина во дресот на Хрватска

Ветеранот на средината на теренот, Лука Модриќ, продолжува да ја претставува Хрватска и ќе…