Дома Фудбал Паѓа нов рекорд на „Енфилд“: Ливерпул со сите сили оди по Исак

Паѓа нов рекорд на „Енфилд“: Ливерпул со сите сили оди по Исак

Ливерпул не се откажува од намерата да го доведе шведскиот голгетер Александар Исак. За да го остварат овој трансфер, „црвените“ ќе мора да издвојат околу 140 милиони евра, сума со која ќе биде урнат клупскиот рекорд за најскапо засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Досега најскапиот трансфер на Ливерпул беше доведувањето на Флоријан Вирц, за кого клубот од „Енфилд“ плати 125 милиони евра. Сепак, тимот на тренерот Арне Слот е подготвен да оди чекор понатаму и да испрати нова, рекордно висока понуда.

Претходната офанзива на Ливерпул изнесуваше околу 130 милиони евра, но од „Сент Џејмс Парк“ стигна негативен одговор. Сега клубот се надева дека со зголемената понуда ќе успее да го убеди Њукасл да се раздели со својот најдобар напаѓач.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Здодевно, па драма: Јужна Кореја го почести Мексико (Видео)

Фудбалерите на Мексико ја совладаа Јужна Кореја со 1:0 (0:0) во Гвадалахара, во дербито на…