Дома Останати Тенис Познато кога Ѓоковиќ ќе игра за осмина финале на Ју-Ес Опен

Познато кога Ѓоковиќ ќе игра за осмина финале на Ју-Ес Опен

Новак Ѓоковиќ ќе игра во сабота во 1 часот после полноќ против Британецот Камерон Нори во третото коло на Ју-Ес Опен, јавија организаторите на турнирот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ и Нори ќе играат на стадионот „Артур Еш“. Програмата ќе започне околу 17:30 часот со мечот на Карлос Алкараз и Лучано Дардери, а потоа следува дуелот на српскиот и британскиот тенисер.

Досега имаат одиграно шест меѓусебни дуели, а Ѓоковиќ победил секој пат.

Последен пат се сретнаа во осмина финалето на овогодинешниот Ролан Гарос, кога резултатот беше 6:2, 6:3, 6:2 за српскиот тенисер.

Кој ќе победи, ќе игра во осмина финалето против подобриот од натпреварот на Американецот Франсис Тиафо и Германецот Јан-Ленард Штруф.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова никогаш не му се случило на Новак: Синер и Алкараз се повлекуваат, а Зверев веднаш се „распадна“

Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња, токму затоа што никогаш не ги „прескокну…