
Шпанските медиуми утрово пренесоа сензационална вест за интересот на Манчестер Сити за Ламин Јамал, односно за висината на понудата која се спремни на „Етихад“ да ја исплатат за шпанското чудо од дете.
Ламин Јамал на 17 години воодушевува на фудбалските терени, а неговите настапи за Барселона потврдуваат дека одличната игра на Европското првенство во дресот на Шпанија не беше случајност.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Иако младиот фудбалер во повеќе наврати истакна дека не планира да ја напушти Барселона, и дека таму сака да стекне статус на легенда, понудата за која Шпанците утрово зборуваат, а пристигнува од Манчестер Сити, би можела да го натера да размисли.
Ако им се верува на шпанските медиуми, Манчестер Сити подготви понуда од 275 милиони евра за Јамал. Тоа би бил апсолутен рекорд во светот на фудбалот.
Шпанскиот Fichajes пренесува дека на „Етихад“ се заинтересирани за Јамал и го гледаат како проект за следната деценија и повеќе. Уште неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги, но нивните финансиски можности не се ни приближни на тие на Манчестер Сити.
Spanier berichten: Die „Skyblues“ bieten unglaubliche 275 Millionen Euro für Barcelona-Star Lamine Yamal – das wäre ein neuer Weltrekord! pic.twitter.com/vVBHZ3Jg01
— Kronen Zeitung (@krone_at) April 7, 2025
Иако ни Барселона нема намера да го продаде, нејзините финансиски проблеми последните години можат да паднат во заборав во случај на продажба на Јамал за 275 милиони евра. Така би се решиле многу прашања на Камп Ноу и клубот не би се нашол во ситуација да не може да регистрира играчи како Дани Олмо оваа сезона.
Инаку, најголемиот трансфер во историјата на фудбалот е оној на Нејмар од Барселона во Париз Сен Жермен за 222 милиони евра. Следуваат Килијан Мбапе (Монако – ПСЖ) за 180 милиони евра и Филипе Коутинјо (Ливерпул – Барселона) за 135 милиони евра. Јамал би ги надминал сите нив во случај на продажба.
Фото: FC Barcelona/FB