Дома Останати Тенис Вака изгледа патот на Ѓоковиќ до финалето во Шангај

Вака изгледа патот на Ѓоковиќ до финалето во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, и покрај физичките проблеми, продолжува со маршот кон трофејот во Шангај.

Новак последен пат на мастерс турнир победи во Берси пред скоро две години, а сега има убава можност да го освои 41. трофеј од серијата 1.000 во својата кариера.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ го победи Мунар по три сета, а следниот противник, в четврток, ќе биде Белгиецот Зизу Бергс.

Ова ќе биде нивниот прв меѓусебен меч, Новак е фаворит, но не треба да се заборави дека Бергс елиминираше досега сериозни имиња како Себастијан Корда, Каспер Руд му предаде мечот, а беше подобар од Франсиско Серундоло и Габриел Дијало.

Ако го совлада 44. тенисер на планетата, Ѓоковиќ во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот Холгер Руне и Валентин Вашеро.

Инаку, во другиот дел од ждрепката, во среда, на програмата се дуелите меѓу Артур Риндеркнеш и Јиржи Лехечка, Нуно Боржеш и Алекс де Минор, Феликс Оже-Аласим и Лоренцо Музети, како и Лернер Тиjен и Данил Медведев.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатна грешка на Медведев го круниса Синер за шампион на Индијан Велс

ЈАНИК СИНЕР триумфираше на Мастерс турнирот во Индијан Велс, победувајќи го во финалето Да…