
Пред неколку дена пензионираниот ММА борец Хорхе Масвидал за медиумите рече дека нешто големо се подготвува кога станува збор за неговото враќање во кафезот.
Тој, потсетуваме, рече за MMA Junkie дека е во сала и на тренинг.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Станува збор за многу доверливи информации и не можам да кажам многу, но тренирам за нешто големо. Никогаш не знаете, нели? Дајте им на луѓето што сакаат, не она што очекуваат. Можам да потврдам дека се работи за големи новости. Имам вести за мојот следен меч кои наскоро ќе ги објавам, ќе бидат навистина големи вести. Не можам ништо да потврдам ни да демантирам, но наскоро би можел. Имајте предвид дека сум омилениот борец на Доналд Трамп. За десетина дена би требало да добијам потврда”, кажа Хорхе.
Многумина ја протолкуваа оваа негова изјава како можна најава за настап на настан во Белата куќа во јуни оваа година, каде што противник ќе му биде Конор МекГрегор.
Сега по повод тие написи се огласи и самиот шеф на УФЦ, Дана Вајт, кој сето тоа го нарече „глупости“.
“Не би ни ги коментирал тие изјави, станува збор за глупости”, рече за „ТМЗ“.